25.8 C
Skopje
Friday, July 11, 2025

Заев за изјавата на Борисов: Треба сите да внимаваме, одбележуваме дел од нашата заедничка историја

Правам се за да изградам пријателство. Гледате дека моите суети ги ставам на страна, сакам искрено да градам пријателство. Бугарија е партнер на Македонија и тоа го покажа неколку пати и не е во ред тоа да го заборавиме, рече премиерот Зоран Заев на новинарско прашање дали изјавата на бугарскиот премиер Бојко Борисов ја гледа како закана за евроатланските аспирации на Македонија.

– Апелирам сите заедно да ги тргнеме политичките интереси, голиот популизам и она што навистина не предизвикува да бидеме недоволно внимателни. Договорот со Бугарија го потврдивме преку нашите потписи но треба тоа да го негуваме и доградуваме и постојано да тежнееме кон градење пријателство кое од обостран интерес на двете земји и двата народи и на генерациите кои што доаѓаат. Треба сите да внимаваме и да придонесуваме во тоа заедничко пријателство – рече Заев кој на прашањето дали двете земји конечно ќе се договорат за Илинденското востание тој одговори дека веќе одбележуваме дел од нашата заедничка историја.

поврзани објави

     

Последни објави