Во емисијата „Отворено“ на Алфа телевизија, синоќа гостуваше Есад Рахиќ. Во своето излагање и дебатата со Гораст Муратовски од „Левица“, Рахиќ изјави дека доколку референдумот за промена на името, Албанците ќе организираат референдум и ќе се отцепат од Македонија.
На темата реагираше и Ванковска:
„Го видов само крајот на ТВ дебатата на Алфа, каде Есад Рахиќ кажува дека Албанците ќе си ирганизирале референдум и ќе изгласале напуштање на МК! Не кажа по кој устав и закон ќе го направат тоа. Или, кога е веќе бал (со еден неуставен референдум), може да биде и маскенбал! Кого се’ нема да видиме на ТВ!“