По десет години брак, Елена Велевска денеска потврди дека се разведува од бизнисменот Марјан Мирчески со кого има три деца, ќерките Софија и Калија и синот Марко.
Познатата пејачка го запознала сопругот на една од нејзините турнеји во Австралија во 2002 година. Во една прилика откри дека ѝ се случила љубов на прв поглед.
– Ме освои со едноставноста. Најубавите работи и брзо се случуваат, тој беше таму, јас овде, помина малку време кога Марјан одлучи да се врати во Македонија и да започнеме заеднички живот во неговиот роден град Охрид. За жал, немавме време за свадбена веселба каква што си посакував – раскажа Велевска во едно интервју.
Марјан, покрај трите деца со Велевска има возрасна ќерка и син, кои живеат во Австралија со неговата прва сопруга. Велевска денеска упати сериозни обвинувања до човекот со кого често зборуваше дека има идиличен брак.
– Семејното насилство стануваше неподносливо – напиша, меѓу другото, таа на социјалните мрежи.
Извор: Женски Магазин














