Роберт Јанков од популарната утринска емисија “Здраво Македонијо” денес на социјалните мрежи објави краток статус, но кога човек ќе се замисли, ова на сите ни се случило:
“Нема полошо кога во кафич бараат одма да ти наплатат, се осеќаш ко криминалец…”
Навистина, колку понижувачки делува, само што си седнал во кафич, нарачуваш пијачка, конобарот/ката ти носи и заедно со нарачката ти носи и сметка и те замолува веднаш да платиш!
Чувството е непријатно, колку и да се вади вработениот дека му завршува смената или дека има гужва и.т.н. Чекај малку, можеби ќе нарачам уште една пијачка, две, три, пет. Зар по секоја треба да се расправам со пари, да ми го уништиш излегувањето…