13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Силно невреме попладнево го погоди Скопје

Силно невреме го погоди главниот град на Македонија попладнево. Грмежи и силен ветер н почетокот, а сега веќе и обилни врнежи.

Невремето беше најавувано од метеоролозите изминативе денови.

Во петок и сабота условите за нестабилност ќе се намалат и во поголем дел од земјава ќе преовладува сончево време со мала до умерена облчаност. Во недела и понеделник во попладневните часови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.

Локално се очекува да наврне поголемо количество на воден талог за релативно кратко време (околу по и над 20 л/м2).

Потоа во следните неколку денови ќе икма пораст на максималните дневни температури на воздухот и истите ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени.

поврзани објави

Последни објави