Врховниот суд на САД по смртта на судијата Антонин Скалиа има едно испразнето место
Американскиот претседател Доналд Трамп кажа дека тој утре ќе го објави името на номинацијата за член на Врховниот суд на САД.
По смртта на Антонин Скалиа кој служеше 30 години, во осум члениот суд има едно испразнето место.
Поранешниот претседател Барак Обама го номинираше апелациониот судија Мерик Гарленд за функцијата, но Сенатот под контрола на републиканците одби да го разгледа предлогот, велејќи дека следниот претседател треба да ја направи номинацијата.
Трамп разгледуваше неколку предлози за испразнетото место.
Медиумските извештаи велат дека меѓу фаворитите се неколку конзервативни судии, како Неил Горсуч, Томас Хардиман и Вилијам Прајор.