Турските медиуми на големо пишуваат за смирувањето на Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал, како парот неодамна е фатен заедно на јахтата на пејачот. По тој повод, се огласи атрактивната пејачка и ја објаснила ситуацијата.
Имено, фановите се понадеваа дека во прашање е смирување, со оглед на тоа дека ова не би им било прв пат да си ја обноват љубовта. Како што е познато, Емина и Мустафа еднаш раскинаа пред разводот, па се смирија, па за нив ова би била трета среќа.
-Мислам дека овојпат љубовта се изгасна, но никогаш пријателската љубов и љубовта кон нашите деца. Ние сме сега партнери кои мораат децата да ги изведат на прав пат, изјавила Емина.
Мустафа Сандал, поранешниот сопруг на Емина Јаховиќ, покажа дека е во топ форма и ги збудале жените со оваа фотка на која се разладува во летните врели денови.