Министерство за култура, Министерство за образование, Министерство за труд и соцјални работи, Министерство за…
Со комплетно учество и планови, проекти, акции, вклучувајки ги со сите законски и незаконски ритуали од финансиска и техничка поддршка… Потоа доаѓа процес на широки консултации и учество, состаноци, дискусии, дебати и конференции со комплетна дадена „обемна поддршка“ од страна на многубројни „експерти“, просветни работници и академски лица, јавни и политички фигури и што ти уште не…
Толку многу усвоени предлог- закони (надополнети, модеризирани), со сите тие значајни стратегии започнати од 1996 година за „модернизација на образованието на лицата со пречки во развојот во Република Македонија“ па до 2018 година,а финалните резултати се толку бедни и мизерни…
И еве за неколку седмици стартуваме уште со една нова школска година, колку убаво зарем не?!
1 септември убав и радосен ден за учениците, за образовниот кадар а уште повозбудлив за нововработените педагози\учителки со купени дипломи (со чест на исклучоците) по заслуга на партиските книшки, како награда за макотрпната работа за време на митинзите.
А што е со децата со посебни потреби ?
Како нивните родители го дочекуваат тој ден? И не само тој ден, како го доживуват секој ден?!
Како тие го праќаат своето дете на школо независно дали е во редовно или спецјално училиште знаејќи каде го носат и какви услови има таму?! Сте се запрашале ли вие господа од меките фотелји?!
До кај сте господо со усвојување на законот за вработување во секое основно училиште на дефектолози?
Дефектолозите, логопедите, тие што останаа во државата со дипломите во рака чекаат и ги има во голем број.
Што се случи со издавањето на учебниците за посебното образование?
Од сите тие предлози од сите тие освојувања на закони од сите тие акциски планови, што успеавте да реализирате ?!
Костумисани господо! Зарем немате грам совест, човечност па и на оваа болна тема стигнавте да се поигрувате со чувствата на децата и родителите кои се изложени на вашите експерименти?! Еве прашувам јас, и не само јас, имате ли воопшто некое разумно оправдување?!
Член 6 во писмена форма гласи вака:
„За учениците со посебни образовни потреби се обезбедуваат соодветни услови за стекнување на основно воспитание и образование во редовните и посебните основни училишта и имаат право и на индивидуална помош за стекнување на основното образование и воспитание“.
За жал во релноста сѐ се спроведува на сосема друг начин. Многу жалосно господа… Почнувајќи од индивидуалната помош (нема стручен кадар за секое дете!), до учебниците, просториите, храната… За учителките да не ни зборуваме. Учени, недоучени (со чест на исклучоците). Не е бе секој надарен за учител! И во истото време учителите не се и дефектолози!
Е затоа господа не се чудете кога дел од учителките имаат метод на игнорирање на децата со посебни потреби од типот „ајде Дарко читај ти! Јован не знае да зборува а часот ке заврши!“
Редно време е господа да се позанимавате со овој проблем кој е многу важен за нашето општество. Редно време е на овие деца да им се обезбеди сѐ што им е потребно од индивидуална стручна помош, од посебни материјали за учење соодветни за нив од учителки полни со знаење и разбирање на оваа проблематика!
Ј’зк да ви е господа бидејќи секогаш имате нешто поважно од радоста на децата!
Автор: Александра Трнковска