fbpx
6.8 C
Skopje

ОД БЕЗДОМНИК СТАНА МИЛИОНЕР: Сега го поклонува својот стан од 150. 000 евра, но под еден услов (ВИДЕО)

АКТУЕЛНО

Овој милионер е сопственик на 150 недвижнини ширум светот, а некогаш спиеше на клупите во парковите.

Британецот кој бил бездомник, а сега е милионер, реши да им помогне на луѓето кои се наоѓаат во слична ситуација во која што и тој некогаш се наоѓал. Тој го поклонува својот опремен трособен стан кој вреди 150. 000 евра во градот Престон.

Тој снима документарна серија и во наредните неколку недели ќе го одбере победникот.

„Луѓето кои сакам да ги видам во овој стан се луѓе на кои им е неопходно потребен дом, луѓе кои сакаат сигурност но и дом со кој повторно ќе се чувствуваат значајни. Тоа мора да бидат луѓе на кои очајнички им е потребен дом, а нема кој да им помогне“, вели тој.

Сите заинтересирани можат да се пријават, но неопходно е да имаат британско државјанство и да живеат во Велика Британија, како и тоа да бидат полнолетни.

„Барав помош и ја добив од луѓе од кои не очекував. Ми помогнаа да верувам во себе. Напорно работев, но сега сум доста успешен и заработувам многу пари. Сега сакам на други да ја дадам шансата, која јас ја добив. Ќе биде лесно да се најдат кандидати, но тешко да се избере еден од нив“, рече некогашниот бездомник.

https://www.youtube.com/watch?v=8Ndv-or7FFw

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -