Претседателот на Движењето за реформи во ДПА, Зијадин Села гостуваше во емисијата „10 минути“ на ТВ 21, каде јавно го повика лидерот на СДСМ, Зоран Заев да го истакне својот став околу декларацијата на Албанците.
„Ако Заев има намера да ја формира новата влада, ќе мора веднаш да започне со работа и конечно да се изјасни за декларацијата на албанските партии. Доколку има парламентарно мнозинство, за да останеме држава со уставни правила“, истакна Села.
Зоран Заев вчера на прес-конференција побара од претседателот на државата Ѓорѓе Иванов да му го додели мандатот. Сепак, доколку претседателот на СДСМ има обезбедено мнозинство во собранието, ќе нема проблем да состави нова влада на РМ.