Познатата тв водителка и презентерка Татјана Стојановска, славејќи ги деновиве 25 години од матурата со своите школски другари од “Борис Кидрич”, вооедно се потсети и на своите први професионални успеси.
На едно мошне убаво поминато време кога Татјана беше “Мис на Македонија” во Охрид 1992 година и “Мис Планета” на изборот во Бугарија 1993 година, на многубројни изјави и интервјуа за многубројни тогашни весници, на насловните страници кои беа третирани токму како ексклузива, поради нејзината природна убавина.
А, Татјана убава како и секогаш, и тогаш и сега во зрели години, харизматична и неодолива. Девојка на која многу исто така згодни момци и се додворуваа. Но, таа сепак само срамежлива, па присетувајќи се на својата срамежливост, Татјана деновиве отворено ја сподели и со своите пријатели велејќи им:
– Ех, што ти е судбина. Тогаш не ни бев свесна….дури и плачев пред мајка ми и татко ми во собата после изборот. Не сакав да сум Мис! Дете! Се исплашив од таа титула. Но, Господ сакал така…”
Сепак, некоја година потоа животот по желбата на Господ ја однесе Татјана по своите патеки. Таа се вљуби и се омажи за пејачот Благоја Грујовски, роди син, но неколку години потоа тивко се разведе без медиумски спектакли. Денес и понатаму е успешна жена, има професија што ја сака (презентер во ТВ канал 5), а има и нова љубов што е и логично по неуспешниот брак заслужено да и се случи.
Но има и успеси во професијата, оние кои уште долго ќе се памтат. Пред три години успешно и на задоволство на многубројната публика го водеше во живо ексклузивното интервју од Матка, со славниот екс-ЈУ водител Оливер Млакар а, во рамките на Конференцијата за здрава храна. Не попусто на Татјана луѓето постојано ќе и зборуват дека е како виното. Колку постара толку позгодна! И ние се сложуваме со тоа.