29 годишен турски државјанин сакал да прегази полицаец и да претепа вработен во Пајак службата затоа што сакале да го отстранат неговиот погрешно паркиран Мерцедес.
Настанот се случил синоќа околу 21 часот и 40 минути на ул. Самоилова во Скопје полицаецот и вработениот во Пајак службата сакале да го подигнат неговото возило.
Тој прво почнал да го влече вработениот во Пајак службата, а потоа го стартувал возилото и удрил во полицецот и го повредил, дозанава „Канал 5“.
Турскиот државјанин е уапсен.