Дијаспората да го искористи правото на глас, регистрирајќи се да стане дел на изградбата на заедничкиот сон за целосно интегрирана Македонија во НАТО и Европската Унија, повика ДУИ преку партиско соопштение.
„Имајќи предвид дека голем број печалбари деновиве се наоѓаат во земјата, би сакале да ве известиме дека правото на регистрација може да го реализираат и електронски на веб-страницата на Државната изборна комисија до 23 август“, соопштија од ДУИ, од каде што додаваат дека сите оние што нема да се пријават да гласаат во дијаспора, може да дојдат и да го остварат своето право на глас во Македонија на 30 септември.