3.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

Кога ќе отидеме кај нашите предци веќе ништо нема да е важно

Не сакав кога ќе ме ,,исечеше” некој на пола муабет. Не можев да поднесам кога сум во право некој да ме убедува во спротивното. Мразев кога ќе видам како дечко ја малтретира девојката. Се ежев на пајаци, се плашев од висина и брзина. И уште не сакам, не поднесувам, мразам, се ежам, се плашам. Сѐ е исто само јас поинаку почнав да ги разбирам работите за мој личен мир. Ако некој ме ,, исече” тој човек ја има потребата да се покаже дека е паметен а никој не го забележал тоа и не го пофалил, па затоа ќе замолчам и со насмевка ќе го ислушам. Кога некој ќе ме убедува дека не сум во право , и него почнав да го разбирам. Веднаш ми текнува на поговорката ,,земи ги моите очи па види”. Едноставно немаме иста перцепција на тоа што е праведно а што не е. За тоа со дечкото и девојката немам баш некое оправдување, конкретно за девојката, зошто би трпела таков дечко, кога наместо да плаче може да има во тој истиот момент некој кој силно ќе ја предизвика нејзината насмевка. Но сепак на крајот можеби ќе испадне навистина поговорката најголема лекција е таа почувствуваната на сопствена кожа. За дечкото што да кажам…Сто посто трауми од детството… За пајаците ќе треба да прашам доктор 🙂 ма да престанав да ги убивам ( повеќето). Среќа уште не сум почнала да си ги чувам по ќошовите како домашни миленичиња 🙂. За брзината и висината разбрав дека предизвикуваат толку силен адреналин кај мене што тоа се претвара во необичен страв…

Муабетот ми беше друг. Не постои нешто со што не можеме да се справиме во животот. Потребно е само да го смениме начинот на кој го гледаме проблемот. Всушност дали воопшто постои проблем или сѐ е тоа филм во нашите глави? Зошто ги усложнуваме работите кога сѐ апсолутно е толку едноставно? Дали е можно едноставните работи да не плашат? Чудни сме ние луѓето. Тoлку чудни што напати ми се чини како да уживаме да се „гушиме“ во проблемите кои самите си ги правиме. Дали ќе сме среќни, задоволни, тажни или повредени, сѐ тоа потекнува од нашите глави. НЕ ПОСТОИ НЕШТО ЗА ШТО НЕМА РЕШЕНИЕ, ЕДИНСТВЕНО САМО ЗА ЕДНА РАБОТА. НО ТОГАШ ВЕЌЕ ЌЕ СМЕ КАЈ НАШИТЕ ПРЕДЦИ, ТАКА ДА НЕМА НИ ВЕЌЕ ДА БИДЕ ВАЖНО…

Пишува: Елизабета Најдоска Величкова

Извор: Трибуна

поврзани објави

Последни објави