Синот на Дензел Вашингтон неодамна сосема смирено и на добар начин, му објасни на еден водител како треба да се однесува кон неговата мајка и каква жена е таа.
Имено, 34-годишниот Џон Дејвид Вашингтон го замолкна репортерот на емисијата „Today show“ бидејќи тој, иако ненамерно, ја навреди неговата мајка.
Додека разговараа за новиот филм на Џон, новинарот рече: „Да бидеш син на Дензел Вашингтон…“.
Актерот веднаш го прекина и почна да објаснува колкава заслуга за неговите успеси има неговата мајка, која со Дензел е во брак повеќе од три децении.
…„И Полета Вашингтон“, додаде самиот Џон, наместо водителот.
Таа заработуваше повеќе од него пред да се венчаат. Работеше на Бродвеј, а на нивниот прв состанок таа ја плати сметката за ручек, пијалак и такси. Таа е образован пијанист, одела на колеџ во Џулијард. Таа е прекрасен, врвен уметник и јас многу научив од неа, раскажа нејзиниот син.
Со ова, синот испрати порака во одбрана на својата мајка, чија улога поради славниот сопруг некој си дозволи да ја потисне.
За тоа каква жена е Полета, говореше неодамна и самиот Дензел.
-Работам што ќе ми кажат, го држам јазикот за заби. Мојата сопруга од нашата куќа направи дом, рече тој.