7.8 C
Skopje
недела, ноември 16, 2025

Вонредно предупредување: Се очекува невреме во Македонија – од среда промена

Времето во Македонија попладнево е сончево со мала до умерена облачност, а наместа и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните и северните планински делови.

Продолжува периодот на претежно стабилно и топло време, односно времето и понатаму ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност додека за време на викендот ќе засилува ветерот од северен правец.

Особено на планинските места ќе има услови за локален краткотраен дожд проследен со ретки грмежи.

Максимумот на температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени.

УВ ИНДЕКСОТ денес и утре (петок) ќе изнесува 9 додека за време на викендот ќе има ЕКСТРЕМНА вредност и ќе изнесува од 10 до 11.

Минималните температури се движат од 13 до 21 степен, а максималните од 29 до 36 степени. УВ индексот е 8.

Нестабилно со дожд и грмежи ќе биде и во вторник, а веќе од среда се очекува стабилизирање на времето.

поврзани објави

Последни објави