Судејќи според објава на „Твитер“, автомобилите на македонските туристи што одат на одмор во Грција летово ги китат со нов вид налепници со „историската вистина“ за Македонците.
„Вие не сте Македонци. Вие сте Словени. Македонија е грчка“, пишува на налепницата залепена на задниот дел од возилото на објавената фотографија.
„Македонските Грци користат соодветни налепници за скопските Словени што одат на одмор во Македонија е придружниот текст на постот од Thrut is @MariaLauraHKC.
Налепницата како начин за искажување став за „македонското прашање“ одамна ја користи грчката држава на влез во земјата, „честејќи“ ги возилата со македонски регистерски таблички со натпис „признаено од Грција како БЈРМ“.
Извор: Експрес