Во Фејсбук „дебатите“ сé почесто се сретнуваат коментари од типот на тоа дека бојкотот значел неодговорност, неискажување на став, незаинтересираност и други лажни епитети наменети за оние кои не сакаат ни да помислат да учествуваат во националното самоубиство и тој свој став планираат да го искажат преку бојкот на референдумот.
Веројатно се работи за само уште една од тактиките да се замае умот на Македонецот и да се натера тој да излезе и да гласа против или да го прешкрта ливчето, секако со крајна цел на референдумот да биде исполнет цензусот. Но таквите тактики се провидни, а и лесно е да им се реплицира. На еден таков коментар одговори и отец Ивица Тодоров, па во неколку реченици ги објасни малтене сите главни причини зошто бојкотот е најисправната опција за тие што си ја сакаат земјата таква каква што е, па и по цена името секогаш да си го носиме како тег на ногата (како што милува да рече Никола Димитров).
Отец Ивица одговори вака:
„Jordan Šišovski, се радувам што повторно се читаме, помислив дека се заборавивме:)
Зошто БОЈКОТ? Затоа што некои прашања од човечка, марална, правна, политичка, историска и визионерска страна НЕ ЗАСЛУЖУВААТ ОДГОВОР! Да, не е оргинален мојот одговор кон тебе, затоа што веќе некои го искористија за еден друг референдум, но тоа е тоа , тоа е вистинскиот одговор ТОКМУ за овој консултавивен – и уставно и процедурално – криминален референдум!
И ти самиот знаеш дека понекогаш со НЕУЧЕСТВО, СО БОЈКОТ повеќе се кажува отколко со учество во нечиста игра на нечисти луѓе со проблематични мотиви!
САМО БОЈКОТ на овој неморален референдум и на оној понижувачки договор кој е темпирана бомба која може да отвори многу болни процеси на овој и така веќе болен Балкан!“
Извор: Букефал