Имаме предлог за вас, а тоа се меки кифлички со павлака, кои мора задолжително да ги пробате. Гостите веднаш ќе ви го побараат рецептот.
Потребни состојки:
600 г брашно
1 прашок за печиво
1 лажичка сол
100 мл масло
1 чаша кисела павлака
200 мл топло млеко
1 коцка свеж квасец
1 лажица шеќер
Жолчка, сусам и зачини за премачкување
Подготовка:
Помешајте го топлото млеко со квасецот и шеќерот и оставете да се активира.
Во садот во кој ќе ги месите кифличките, помешајте брашно, прашок за печиво, сол и додадете масло.
На крај, измешајте ја павлаката, а потоа додадете го и квасецот.
Замесете мазно тесто и веднаш поделете го на 4 дела. Секој дел развлечете го на работна површина со помош на сукало, а секоја кора треба да биде со дебелина од половина центиметар.
Исечете 8 триаголници, филувајте по желба или оставете ги празни, па свиткајте ги кифличките.
Распоредете ги на тава за печење, премачкајте со жолчка од јајце и поросете со зачини (сусам, ким, семе од афион и сл.).
Печете околу 15-20 минути, на 200 степени додека да заруменат.