2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

БЕСА ќе го направи првиот потег, Касами ќе биде предложен за Претседател на Собранието

Од пратеничката група на БЕСА истакнаа дека во најбрз можен рок ќе започнат со иницијатива за решавање на моменталната политичка криза, па поради тоа ќе го предложат лидерот Билал Касами за Претседател на Собранието.

Од таму истакнуваат дека последните сериозни разговори помеѓу БЕСА и СДСМ биле пред две недели, кога се сретнале Зоран Заев и Билал Касами.

Синоќа централното претседателство ги разгледувало сите опции, при што зазаело став за три точки поврзани со пропаднатите преговори за составување на Влада.

Не е познато каква би била реакцијата на останатите пратенички групи во Собранието и дали воопшто некој друг ќе му даде поддршка на Касами.

поврзани објави

Последни објави