Како и вчера, така и денес во прекин од 16.30 часот е сообраќајот на Граничниот премин Евзони.
Причината за ова како што се наведува од нашето МВР е блокадата од земјоделски машини, па така прекинот на сообраќајот е и за влез и излез.
Се пропуштаат само пешаци и нема информација од грчката полиција до кога ќе трае. На ГП Меџитлија и Дојран нема застој.