-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Иран тестираше балистички проектил, Израел одговори: Ова не смее да помине без одговор!

Иран во текот на недела изведе тестирање на балистички проектил, првпат откако Доналд Трамп кој инаку е жесток критичар на оваа држава, стана претседател.

Тестираниот проектил според американските воени аналитичари бил со среден домет и дека истите не биле успешни. Проектилот експлодирал откако поминал само неколку километри, без опасност за САД и нивните сојузници во регионот.

Жестоко на ова реагираше и Израел, односно нивниот премиер Бењамин Нетаниаху кој изјави дека ова тестирање е класичен пример за кршење на резулуцијата за Поголема сигурост на УН со член 2231 според која Иран не смее да превзима никакви активности поврзани со балистички проектири кои се дизајнирани за носење на нуклеарно оружје.

 

поврзани објави

Последни објави