Претседателот на Србија Александар Вучиќ објави дека официјален Белград размислува за враќањето на задолжителната воена служба.
“Го разгледуваме повторното воведување на воена служба за мажите за три или шест месеци“, изјави српскиот претседател, истовремено појаснувајќи, дека тоа треба да се случи 2020 – 2021 г. – во зависност од финансиските можности на државата.
Вучиќ ги повика младите луѓе да учат во воени институции, бидејќи согласно неговите зборови, очекува подобра иднина во нив. Со неговите зборови тој увери, дека српската армија е посилна, отколку што била во минатото.
Предлогот на Вучиќ е прифатен позитивно. Претседателот на Српската народна партија Ненад Половиќ изрази полна подршка кон идејата за враќањето на задолжителната воена служба во државата.
Помоќна воена сила на Србија е гаранција за зачувување на стабилноста во регионот и заштита на интересите на српската државата и народ, вели Поповиќ. Според него е направена голема грешка, кога во 2010 г. е укината задолжителната воена служба – решение, донесено од застапниците на влегувањето на Србија во НАТО.