3.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Принцеза, Кралица и Царица: Жените родени во овие три Хороскопски знаци се најдобрите сопруги!

Иако сите жени се добри, некои сепак се малку подобри дури и од оние најдобрите … Дознајте меѓу кои хороскопски знаци се кријат најдобрите жени за брак!

Принцеза – Рак

Кога еднаш ќе освоите жена која е родена во знакот на Рак, таа ќе ве сака безусловно и ќе биде подготвена да оди за вас или со вас до крајот на светот. Нејзините чувства се секогаш интензивни. Со неа ќе научите што значи покрај себе да имате вистинска жена.

Таа е подготвена да направи се за нејзиниот избраник да биде најсреќниот човек на светот. Со оглед на тоа дека е склона на драматично доживување на се во животот, нема да имате потреба да одите во театар, затоа што загарантирано ќе имате често театар во својата куќа. Но тоа е мала цена која треба да ја платите за живот во оаза како онаа од “Илјада и една ноќ”. Покрај неа секогаш ќе живеете “како бубрег во лој” опкружени со највкусни јадења, удобност и внимателно уреден дом. По ваква сопруга, секој маж би трчал во прегратка и по напорниот ден на работа!

Децата за жените Ракови се свето нешто и нивните потребни се секогаш пред сопствените. Тука на сцена настапувате вие, да ја замените или да и дозволите малку одмор и да и возвратите се она што го прави за вас. А се што очекува од вас е да ја мазите, пазите и да бидете искрени.

Кралица – Лавица

Лавицата е силна, храбра и жена со огромни способности. Оваа жена има неверојатни способности но и нејзе и потребен некој кој од време на време ќе и помогне да ја отвори теглата со кисели краставички.

Таа бара маж еднаков на неа, па покрај неа никој нема да биде само обичен човек. Ќе ја обожавате, а никогаш нема да мора да прави нешто за да ја обожавате. И секогаш ќе се прашувате во што е тајната.

Се што прави, го прави со целото свое тело и душа. Нема да сретнете жена која повеќе ќе ве сака. Дури и кога се лути, се лути најубаво што може. Но, кога бара нешто, тоа е заповед. Со неа конечно ќе дознаете што е несебична и вистинска љубов.

Таа за своите деца се бори како вистинска Лавица.

Секогаш ќе биде подготвена за одбрана. Тешко на оној кој ќе се обиде да им нанесе зло или нешто не убаво. Од вас само бара да ја обожавате, а што е тоа во однос на сето она што таа ви го овозможува.

Царица – Јарец

Пред оваа жена секој би паднал на коленa, па зошто не и вие? Силна е како црна земја, може да поднесе сè и да направи натчовечки напори да го направи она што го наумила, а нема да забележите ни капка пот на нејзиното тело. Она што на многу мажи би им скршило кичма, оваа дама ќе го поднесе ненаметливо и достоинствено, што самите ќе се прашате дали сте вие воопшто достојни за неа. Ако заклучите дека сте, бидете сигурни дека вашата љубов ќе гори постојано и топло.

Одржувајте го пламенот на нејзината одговорност, должност и посветеност. Со неа секој ден ќе станувате се подобри и подобри. Ако сте успеале да привлечете ваква жена, верувајте дека вредите многу повеќе отколку што мислите. Таа не живее во фантазија, туку стои цврсто на земја и добро знае што од кого може да очекува.

Како мајка ќе биде строга, но праведна. Таа израснува само победници и лидери. Сè што бара од вас е да покажете цврст карактер и истрајност.

Извор: Македонијаденес

поврзани објави

Последни објави