Моето дете ништо не може да го врати. Јас собрав од донации 200.000 евра, но сега сè е залудно. Велам дека не е точно тоа што се кажува за обидот да ја лекуваме Ева во Германија со цел некој во оваа држава нешто да преземе.
Вака таткото на малата Ева која почина и ја зави македонија во црно, Благојче Крстаноски, си ја отвара душата за Незавесен.мк.
Тој одговори на сочувството од ФЗОМ и Владата вчера: – Треба да се направи сè за нашата трагедија да не му се случи на друго дете. Тие немаат чувство. Треба да се гледа најдобрата варијанта. Не е важно дали државата ќе потроши 100.000 евра помалку или повеќе ако спаси еден детски живот.
Ние не сме единствен случај, има доста и ќе има. Јас се молам да бидат што помалку. Зборувам јавно зошто не сакам ова да се повтори и на друго дете – вели Крстаноски во разговорот за „Независен весник“ и ги демантира тврдењата дека немало понуда од германска клиника.
Според таткото, како што открива за Независен, и претставници на ФЗОМ пред него комуницирале со лекарот што требало да ја прими Ева во болницата „Гисен“ во Германија, а доставил и уште една профактура од болница во Диселдорф.
Од „Гисен“, каде што Крстаноски сакаа да ја лекуваат Ева, во имејл-комуникација одредиле приближна сума за лекувањето. Не издале профактура оти целата сума немало да ја плати ФЗОМ, туку требало да се вклучи и семејството со парите собрани од донации. вели потоа ги одбиле со задоцнување од една недела.
Нè излажаа дека има профактура од една клиника, а потоа испадна дека имало од три – од една од Италија и од уште една од Турција.
За потсетување, на вчерашната прес-конференција Дончев рече дека до Фондот не стигнала ниту една понуда од болница во Германија