fbpx
9.8 C
Skopje

Доаѓа најсилниот циклон: Вонредна временска најава, бидете подготвени

АКТУЕЛНО

Во текот на овој викенд сите ние знаеме дека доаѓа новиот циклон кој го носи името Бруно и ќе донесе значителна промена на временската состојба и поголема нестабилност во атмосферата, стои во временската анализа на Славчо Поповски.

Утре (сабота) особено во северозападните и во западните планински предели како и во оние населени места кој се во близина на планините ќе има локален развој на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Веќе во недела од пладневните часови па натаму на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Нестабилно на многу места со поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер ќе биде и во понеделник кога локално ќе наврне и поголемо количество на воден талог (над 30 л/м2 воден талог).

Локално можни се поинтензивни атмосферски процеси во форма на НЕВРЕМЕ проследени со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град.

Температурите на воздухот ќе бележат тенденција на опаѓање и ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени особено од понеделник.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја додека електричните уреди во домовите додека траат електричните празнења да се исклучуваат од штек а автомобилите да се ставаат понастрана од дрвја во случај на појава на силен ветер.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -