Лубанг Насиб Багус, Борнео
Во превод името на пештерата значи „Пештерата на добра среќа“. Позната е по галеријата Сарауак која е најголемата пештерска галерија во светот и се наоѓа во националниот парк Гунунг Малула. Димензиите на галеријата се околу 700 на 400 метри. Во неа можат да се вклопат осум авиони и 7500 автобуси. Пештерата се формирала пред околу 5 милиони години.
Мраморната катедрала, Чили
Се наоѓа во езерото Карера што се протега долж границата со Аргентина. Водата е кристално чиста, а мермерните формации изгледаат навистина импресивно. Пештерата е формирана пред околу 6000 години. Бојата на водата се менува во зависност од времето, нивото на водата и сезона.
Уаитомо – Нов Зеланд
Пештерите Уаитомо светат за да ги привлекуваат. Илјадници вакви ларви живеат во пештерите кои станаа една од најголемите туристички атракции на Нов Зеланд. Во Нов Зеланд љубителите на музиката слушаат под земјата некои од најнезаборавните музички изведби. Пештери Уаитомо се нивни домаќини поради нивната неверојатна акустика. Концертите се организираат во Катедралата – 18-метарска сала, која ги освоила симпатиите дури на Хорот на виенските момци. Но пештерите се познати не само со тоа. Тие поседуваат неверојатно уникатен систем за осветлување – илјадници светулки од видот Arachnocampa Luminosa. Суштествата со големината на комарци живеат само во Нов Зеланд и ја фрлаат светлина врз внатрешноста на пештерата. Посетителите можат да уживаат во нивниот сјај за време на пловењето по подземна река која тече низ пониско ниво на пештерата.