Fri. Sep 22nd, 2023

Претседателот на ДУИ Али Ахмети по средбата со претседателот на државата Ѓорге Иванов рече дека разговарале за тоа како да се стигне до здраво парламентарно мнозинство како и за политичката ситуација во моментов.

Претседателот на ДУИ истакна дека тој не е клучот за нова Влада и изјави дека сите опции се отворени бидејќи се уште немаат никаков заклучок во внатрепартиските разговори во ДУИ.

На новинарско прашање дали се уште не го признава Иванов како Претседател, Али Ахмети одговори дека сега делувал со мозок, а тогаш со срце.

Leave a Reply

Your email address will not be published.