5.8 C
Skopje
Friday, March 29, 2024

ФОТО: Судискиот принц, авион и неговите соколи

Интересна фотографија се појави на социјалните мрежи, каде под описот стои дека е направена во авион А330, кој летал кон Џеда, Саудиска Арабија.

На фотографијата се гледаат 80 соколи, за кои саудискиот принц купил посебни карти, а цената на влезниците за секоја птица изнесува 360 долари. Притоа, сите соколи имаат свои пасоши, кои пак чинат 130 долари.

Птиците се многу ценети животни во светот на арапските земји. Често се користени во повеќе видови на спорт, а дел од принцовите ги гледаат и како помошници при лов. Во Абу Даби постои и болница наменета само за соколи.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -