3.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Претседателот Иванов ќе ја напушти Република Македонија на денот на референдумот и нема да гласа

Шефот на државата Ѓорге Иванов нема да може да го даде својот глас „за“ или „против“ на референдумот за името, заради тоа што ќе ја претставува Македонија на Генералното собрание на Обединетите нации, соопштуваат од претседателскиот кабинет

Претседателот Ѓорге Иванов нема да биде присутен во земјава за време на одржувањето на референдумот за промена на уставното име на Република Македонија. Од Кабинетот на претседателот истакнаа дека Иванов ќе биде спречен да го даде својот глас „за“ или „против“ на референдумот, поради тоа што, ќе ја претставува Македонија на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

-Неговото отсуство од земјава е резултат на договорениот „систем на ротација“, според кој една година во Њујорк оди премиерот, а друга година шефот на државата, велат од Кабинетот.

поврзани објави

Последни објави