Познатиот британски изведувач Ед Ширан најверојатно е решен да се опрости од својот имиџ како скрмен и срамежлив дечко. И покрај тоа што британецот ги освои срцата на публиката со својата скромност, решил да направи неколку сериозни промени,
По фотографиите кои излегоа во јавноста, тој под својата облека крие речиси над 60 разновидни тетоважи. 25 годишниот носител на „Греми“ е доста задоволен од својот нов изглед, и планира да додаде уште 30 тетоважи.
Артистот кој го тетовирал Ед Ширан открил дека по телото на познатиот британски изведувач можат да се забележат прославените усни на „Ролинг Стоунс“, диносаурус, грбот на неговото старо училишти. Тој не заборавил да си ја тетовира и „Греми“ наградата.
„Поминавме над 40 часа заедно со Ед во текот на минатата година, но чувањето на оваа тајна веројатно беше најтешката задача. Понекогаш тој доаѓаше кај мене, но почесто јас заминував во неговата куќа. Сега Ед има 30 тетоважи напред, плус уште многу на своите раце. Секоја една од нив му претставуваше голема болка, посебно оние околу градите“, изјавил артистот кој го тетовирал Ед Ширан.