fbpx
11.8 C
Skopje

Фросина Ременски откри како се спасила на 27 Април

АКТУЕЛНО

Лажела дека е бремена за да престанат да ја тепаат, изјави пратеничката Фросина Ременски, која денес сведочеше на судењето за организираниот напад на Собранието на 27 април 2017. Ременски рече дека кога напаѓачите влегле во прес-центарот таа била во галеријата и гледала како тие ги тепаат пратениците со сè што ќе им дојде при рака.

„Јас и Павле (Богоевски) стоевме на оградата на галеријата, другите пратеници беа скриени во кабините. Во еден момент, напаѓачите нè забележаа и рекоа ‘ене го шарениот и Ременска, одиме по нив’. Кога дојдоа горе му реков на Павле во толпа не се тепа, сè што треба ќе издржиме. Ни се закануваа – ќе ве убиеме, ќе ве нема, а еден повозрасен напаѓач цело време ме клоцаше и удираше по стомак.

Во еден момент со клоца толку силно ме удри по стомак, по што почнав да се превиткувам. Еден друг напаѓач ме праша – што е, да не си трудна, му реков да. Свесно излажав за да спречам идни напади во галеријата”, рече во сведочењето Ременски по прашањата на Јавното обвинителство.

Ременски сведочеше дека од влезот на напаѓачите во прес-центарот до нивната евакуација поминале точно 2 часа и 5 минути, бидејќи го забележала времето кога влегла групата насилници.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -