13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Колев до Бочварски: Издвојте средства за рестарвација на спомен плочата на Тодор Александров, а ако немате волја дајте ни дозвола ние тоа да го направиме!

Делегација на ГДУ – Граѓанско Демократска Унија предводена од претседателот на партијата Петар Колев денеска во Ново Село, Штип, положи свежо цвеќе на спомен плочата на великанот Тодор Александров, по повод одбележувањето на 94 години од неговата смрт.

Претседателот на партијата Петар Колев во неговото обраќање од пред спомен плочата на Тодор Александров истакна дека ќе испрати официјално барање до градоначалникот на Општина Штип Благоја Бочварски, каде што ќе бара да се изработи проект и да се издвојат средства од буџетот на Општината за да спомен плочата на Тодор Александров биде модернизирана  и уредена по примерот на кој што изгледаат спомениците во Европа. Доколку пак тие не се подготвени да го направат тоа, Колев рече дека токму тој и неговата партија се подготвени со нивни средства да изготват таков проект и да го реализираат, нешто за што Општина Штип ќе мора да даде само дозвола.

Порака на Петар Колев ви ја пренесуваме во целост преку ВИДЕО ЛИНК

 

Обраќање на Петар Колев

Обраќање на Петар Колев, претседател на Граѓанско демократска унија (ГДУ) по повод 94-тата годишнина од смртта на големиот револуционер и водач на ВМРО, Тодор Александров.

Posted by Petar Kolev on Friday, August 31, 2018

 

Човекот кој како феникс го воздигна ВМРО и ја врати Македонија на политичката карта на Европа. Живееме во модерно време и секој еден од нас кој се интересира од минатото може да најде доволно информации и да го проучи животот на Тодор Александров.

Но како ние како општество се однесуваме кон великаните од нашето минато, како ние се однесуваме кон културното и историско наследство кое се наоѓа на територијата на Република Македонија. Во родното место на Тодор Александров има еден и единствен белег, споменик за неговото постоење. Тоа е камената плоча која се наоѓа овде. За жал после 27 години независна и самостојна Република Македонија некако ниту Министерството за култура, ниту Општина Штип не најде начин, сили и средства да го уреди ова место и да биде едно достојно место каде што секоја година почитувачите на историските дела на ВМРО и Тодор Александров ќе можат да сведат глава и да оддадат почит.

Затоа, во наредната недела ќе испратам официјално барање до градоначалникот на Општина Штип Благоја Бочварски со кој ќе настојувам да се издвои средства од буџетот и да изготви соодветен проект за идејно решение и ова место да биде едно достојно место каде што ќе можеме да ги одбележуваме годишниците од раѓањето и смртта на Тодор Александров.

Се разбира, ако Општината не може да одвои средства и немаат сили да изработат таков проект, ние сме подготвени со наши средства да изготвиме таков проект и да го реализираме. Но бидејќи живееме во правна држава, барем такво е моето разбирање за модерна и европска Македонија, се надевам дека Општина Штип ќе ни ги даде сите потребни дозволи, ако таа сама не може да се справи со таа задача, и догодина кога ќе дојдеме ова место да изгледа современо, модерно и уредено по начинот на кој што изгледаат спомениците насекаде во Европа.

поврзани објави

Последни објави