fbpx
17.8 C
Skopje

Заев се сретна со Вучиќ

АКТУЕЛНО

Премиерот Зоран Заев се сретна со српскиот претседател Александар Вучиќ на граничниот премин Табановце-Прешево. Двајцата разговараат за спроведувањето на проектот „One stop shop“ за интегрирано гранично управување.

Вучиќ истакна дека Србија и Македонија се пријателски земји, стратешки блиски и не е толку важно ако некогаш имаат тактички несогласувања или нешто слично. Тој порача дека Србија ги смета македонскиот народ и држава за искрено пријателски и дека ќе направи се тие односи да бидат исполнети со конкретна содржина.

Зборувајќи за спроведувањето на проектот “One stop shop”, Вучиќ укажа дека тоа е еден од примерите каде што двете земји можат да постигнат многу. Рече дека е многу значајно за двете земји, за економијата и за туристите луѓето да не губат време, туку на едно место и двојно побрзо да ги завршат сите прегледи.

Како што рече, според податоците од Светска банка, регионот губи околу една милијарда евра поради чекање на граница

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -