По традиција ВМРО БНД одбележува годишнина од смртта на легендарниот водач на Организацијата Тодор Александров над С. Сугарево во Пирин планина. Оваа година се навршуваа 94 години од убиството на војводата.
На местото каде што е неговиот гроб присуствуваа членови и симпатизери на ВМРО, претставници на политички партии од Бугарија и Македонија. Таму беа лидерот на ВМРО БНД, Красимир Каракачанов, европратеникот Ангел Џамбаски, пратениците Атанас Стојанов, Александар Сиди, Калин Поповски. Меѓу официјалните гости беше присутен и европратеникот Андреј Ковачев, и градоначалникот на Сандански Кирил Котев.
Секоја година се собираме на ова место да му оддадеме почит на великанот Тодор Александров. Роден е во Штип во семејство на бугари. Самиот тој, како и други негови врсници, избираат тежок пат на борба. Учи и станува бугарски учител, раскажуваше пред насобраните претседателот на ВМРО БНД, вицепремиер и министер на одбраната Красимир Каракачанов.
Вицепремиерот категорично изјави дека денес Бугарија води политика, со која ги поддржува браќата од другата страна на границата.
Години по ред назад во времето во Македонија бившите управители на ВМРО-ДПМНЕ ја фалсификуваа историјата и секој, кој се чувствуваше како бугарин во Македонија, не можеше слободно да се изјасни. Ако властодржците во Македонија си мислат, дека ќе имаат поддршка за ЕУ, а со тоа и ќе можат да ја вратат старата политика, да знаат, дека нема да може, рече министерот.
Ние сакаме Македонија да биде слободна, нормална држава и луѓето од Македонија и Бугарија да бидат во нормални односи. Да нема граница меѓу Македонија и Бугарија! Тоа е нашиот национален интерес, тоа се и заветите на Тодор Александров и Даме Груев, дополни тој.