fbpx
8.8 C
Skopje

Еве кој и зошто се тепал во Аеродром

АКТУЕЛНО

На 1 септември 2018 година во 21:35 часот било пријавено дека во Скопје на булеварот “Јане Сандански” на паркинг бил нарушен јавниот ред и мир со тепачка помеѓу повеќе лица.

Додека Н.С.(53) од Арачиново бил во патничко моторно возило „Ауди” со Е.В.(36) од Скопје, од друго возило им бил попречен патот бидејќи истиот подолго време се задржал на паркингот и возилата позади него започнале да свират.

Откако Н.С. излегол од возилото со неговата пријателка по куса расправија настанала тепачка помеѓу нив од една страна и Д.П.(29), М.П.(33) и В.П.(47) сите од Куманово од друга страна.

На В.П. и била укажана лекарска помош од страна на лекар од Итна медицинска помош. По преземени мерки, против лицата се издадени записници за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -