13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Честитка по повод првиот училишенден од претседателот на ГДУ, Петар Колев

Претседателот на Граѓанско Демократска Унија- ГДУ, Петар Колев, на својата facebook страна им го честиташе првиот училишен ден на учениците и учителите. Текстот ви го претставуваме интегрално:

„На овој убав ден на првачињата им посакувам многу успех а на просветните работници им посакувам многу лесна и успешна работа. Првиот училишен ден е денот кога нашите деца го прават најважниот чекор во нивните животи. Од овој ден нашите првачиња ќе се соочуваат со нови предизвици кои ќе им помогнат да се искачуваат на скалилата на знаењето.Воедно во оваа прилика сакам да ја потсетам Владата на нејзините предизборни ветувања за зголемување на платите на нашите просветни работници. Учителската работа е една од најскапоцените професии која мора да биде високо ценета. За нашите животни и професионални успеси најзаслужни се нашите учители. Без нивните насоки и нивниот труд, никој од нас нема да биде тоа што е денес. Среќна и успешна учебна година!“

поврзани објави

Последни објави