fbpx
7.8 C
Skopje

ФОТО: Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ поднесе имотен лист

АКТУЕЛНО

Антикорупсциската комисија денес ги објави имотните листво на новите пратеници во Собранието на Република Македонија. Според нив, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски повторно се најде главна мета на јавноста.

Според најновиот имотен лист кој што Груевски го има пријавено, тој нема недвижен имот, туку само пари и уметнички слики. Ако се соберат парите од сите сметки, Груевски има 48.265 евра, 7318 швајцарски франци, 250 долари, 600 британски фунти и 10036572 денари ( 163.196 евра), од кои 8.000 евра се на име на неговата сопруга, Боркица.

Станот на улицата „Павел Шатев“ во Скопје во кој живее Никола Груевски, и понатаму останува нејасно на чие име се води, а опозициската партија СДСМ, во 2011 откри дека поранешниот премиер на име на неговата мајка има четири стана.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -