3.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

УШТЕ ЕДНО ЧУДО НА СВ ВАСИЛИЈ ОСТРОШКИ: По седум спонтани абортуси, ова семејство денеска има полни раце среќа

-Се будев и си легнував со солзи… Плачев по цели денови. Тага и само тага. И она што беше убаво околу мене го гледав црно. Десет години во брак, а секој ден само со една иста желба. Да станам мајка. Да имам мило чедо во рацете. Некој кој ќе ме вика мамо, некој кој ќе го родам, на кој ќе му се радувам…

Мери отсекогаш сонувала да има свои деца, но нејзината тажна приказна започнала откако стапила во брак со сопругот Сашо. 33-годишната жена поминала низ седум спонтани абортуси.

-Болно, тешко, мачно, разочарувачки… Изгубив волја за живот. Почнав да гледам лошо на другите жени, мајки околу мене. Се прашувавме со сопругот каде ли згрешивме. Што ли направивме толку лошо, за да добиеме таква казна. Десет години, пеколни. Десет години само солзи и депресија, раскажува Мери.

Иако многу пати си велеле на себе дека ќе се откажат и дека еден ден мора да се помират со фактот дека тие никогаш нема да станат родители, сепак не подклекнале на тоа.

-Иако бев скрешена, како да имаше трошка нада во мене, а и во сопругот, додава таа.

После десет години обид за родителство, после десет години измачување, среќата конечно им се насмевнува.

Десет години не мрнале никаде од дома. Десет години сами до четири ѕида, заедно со тагата. Таман кажеле дека тоа е тоа, како е Господ, никој не е, среќата дошла и на нивните врати.

Заминале на годишен одмор во Црна Гора. Се шетале и уживале. Го посетиле и Острошкиот манастир.

-Кога се вративме дома, морав да заминам на преглед кај гинеколог, бидејќи после толку спонтани, одев на секои два – три месеци. Не се ни надевав на нова бременост. И кога, не едно, не две, туку три бебиња. Не знаев дали да се радувам. Дали смеам. Се плашев истовремено.

Марија, Мина и Михаил денеска се нивната најголема радост. Една година, раце полни со среќа.

-До вчера немавме ниту едно, денеска имаме три. Домот ни е полн со детска смеа, со детска миризба, со детски глас. Иако не се сеќавам кога последен пат сум спиела повеќе од два часа, ништо не ми фали. Ги имам нив. Тие ќе ме водат низ животот. Оние кои толку многу ги посакував. Заборавив на маката, заборавив на солзите. Лошите денови нека останат во минатото.

Марија, Мина и Михаил се најголемата среќа во семејството. Деновиве го прославија својот прв роденден.

поврзани објави

Последни објави