11.8 C
Skopje
Wednesday, October 9, 2024

Харадинај сослушан пред францускиот суд

Лидерот на партијата Алијансата за иднина на Косово, Рамуш Харадинај денес е сослушан пред францускиот суд, но одлуката за понатамошно постапување по неговиот случај се уште не е донесена, пренесуваат срспските медиуми.

Конечната одлука за тоа дали Харадинај ќе биде ослободен или пак ќе биде испорачан на Србија или Хаг ќе биде донесена следната недела.

Харадинај беше уапсен на 4-ти јануари на аеродромот во Басел по потерница од Интерпол на барање на Србија поради сомнежи дека во 1998-та и 1999-та година извршил воени злосторства на Србите во Косово.

поврзани објави

Последни објави