fbpx
7.8 C
Skopje

Докторот се расплакал кога слушнал што преживеала неговата пациентка (ВИДЕО)

АКТУЕЛНО

Канаѓанката Дона Пенер го потресе светот со нејзината приказна дека за време на целата операција на стомакот , била будна , но не можела да пушти глас.

Канаѓанката Дона Пенер преживеала вистински хорор за време на рутинска операција на стомакот. Жената била подготвена за неколку мали реза на стомакот , добила анестезија , но тогаш нешто се случило . Анестезијата не делувала џелосно и жената останала свесна и трпела надчовечки болки . Но токму поради анестезијата , не можела ниту збор да каже , ниту да пушти глас.

Таа во интервју го раскажува денеска ужасот што и се случил пред 15 години . Таа за ББС раскажува дека станала свесна за тоа што ја очекува кога докторот го побарал скалпелот и почнал да и го сече стомакот. Но , анестезијата делувала така што не можела да се помрдне , но болката била неиздржлива. Операцијата траела час и половина , а Дона за цело време чуствувала и како и ставаат инструменти во неа, како ја сечат .

Дишењето и било контролирано ,а од стрес пулсот и се зголемил , но вештачки бил стабилизиран. По некое време и паралитикот престанал да делува и жената се обидела да си го извлече цевчето од грлото , по што почнала да се гуши.

Тогаш слушнала непознат глас , кој и вели ,, Што и да се случи , со тебе се ќе биде добро .”

Анестезиологот веднаш и ставил маска и така се спасила од сигурна смрт. Подоцна му раскажала на докторот дека го слушала за целото време на операцијата и чуствувала ужасни болки , на што тој се расплакал и и кажал дека му е многу жал . Канаѓанката по оваа операција со месеци одела на психотерапија.

Дона вели дека приказната не ја раскажала за да обвни некого , туку нејзината приказна да биде опомена за тоа што може да се случи при операција и да се внимава на пациентите.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -