Руските атлетичари се почесxто се позитивни на допинг тестирањата од страна на Светската Антидопинг агенција, поради што им се одземаат и освоените медали го големите натпреварувања.
Последната во низата „позитивни“ се најде Антонина Кривошапка, која беше дел од штафетата 4х400 метри на Олимписките Игри 2012 кои се одржаа во Лондон.
Со казната за Кривошапка, сребрениот медал го губат и останатите три руски атлетичарки. Среброто оди за Јамајка, додека бронзата ќе им припадне на Украинките.
Покрај Кривошапка, на последните испитувања од страна на ВАДА (Светска Антидопинг агенција), позитивни беа уште боксерот Адем Киличи и Вера Ганеева.