fbpx
11.8 C
Skopje

Водителката Елена Стојанов со серија нови фотки, летни, но и со еден познат водител

АКТУЕЛНО

Со Викса (Виктор Петров) беа „совршена двојка“… Радиоводителска, се разбира. Најпрвин „Сити радио“, пото на „Радио Слободна Македонија“… Потоа секој по својот пат. Викса назад во „Сити“, а таа по годините минати во  „Телма“, сега е во „Сител“., на утринската програма.

Елена Стојановска, од мало слатко девојченце во музичките емисии во кои ги водеше кон крајот на 90-ите до зрела жена и една од најгледаните и најбарани ТВ водителки кај нас.

Утринската на „Сител“  – „Ја сакам Македонија“ без неа и уредникот и водител, колегата Александар Блажевски би била само „потрошено време“ на телевизија.

Но Елена не е само збролеста, разговорлива, шармантна и „речита“ на телевизија. нејзината убавина и изразениот сексапил малкумина го знаат приватно. Сепак, од она што може да се види и дознае од социјалните мрежи, шармантната ТВ водителка е подеднакво атрактивна и приватно.

Можеби ѓаволот носи Прада, ама не само тој. „Ѓаволестата“ водителка , подеднакво атрактиивно, привлечно и секси изгледа облечена во црн едноделен костим за капење токму од истиот бренд.

Како што нејзината убавина и сексапил доминираат во  шумата од бамбусови трски. Зелената боја велат ги одмора очите, но она што е во преден план, во случајов сексапилната  ги полни… будејќи ги сите сетила!

При тоа Елена Стојановска е и посветена и предана мајка на нејзината ќеркичка Илина која и е  „се’ во животот“! Тогаш логично времето поминато со неа е бесценето. А професија како што е новинарската не остава премногу простор и време, па затоа на Елена Стојановска омилен збор и е… „Распуст“. Точка!

Извор: Вистина

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -