fbpx
11.8 C
Skopje

Граѓанско Демократска Унија во Брисел на покана од Европските конзервативци и реформатори (ECR)

АКТУЕЛНО

Потпретседателот на Граѓанско Демократска Унија, д-р Енсер Јусуфоски, на покана на пратеничката група на Европските конзервативци и реформатори (ECR) кои се дел од коалицијата на Алијансата на конзервативци и реформатори (ACRE) Европа, присуствуваше на свечениот коктел на ACRE, што се одржа во Grand Central Брисел. Граѓанско Демократската Унија веќе беше дел од два настани организирани од Европските конзервативци и реформатори (во Брисел и во Софија).

 

Како партија која делува во политичкиот спектар центар-десно и стои на изразито конзервативни позиции, ГДУ, ја продолжува соработката со козервативците во Европскиот парламент. Потпретседателот на ГДУ, д-р Енсер Јусуфоски, оствари средби со претставници на ACRE, како најголема конзервативна коалиција во светот а исто така оствари контакт со претставници на Conservative International, The conservative online и European Young Conservatives.

 

Платформата Conservative International вклучува во себе повеќе од 867 000 членови, 327 идеолошки и аналитички центри, фондации, универзитети, 73 политички партии, 36 приватни компании и 35 иницијативни комитети.

 
На свечениот коктел, г. Енсер Јусуфоски, оствари контакт и со членови на организацијата New Direction, основана од челичната дама на британскиот конзерватизам, Маргарет Тачер.

 

 

Граѓанско Демократска Унија во Брисел на покана од Европските конзервативци и реформатори (ECR)Потпретседателот на…

Posted by Граѓанско Демократска Унија on Thursday, September 6, 2018

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -