Во тајна врска сум со колегата од работа, со години. На почетокот тоа беше без обврска, но подоцна премина во љубов.
Јас сум разведена, а тој живее со сопругата поради синот кој го имаат. Се плаши таа да не го одведе далку од него во случај на развод. Цело време ми зборува дека ќе ја реши ситуацијата, да бидам трпелива… Ова го објаснува Ана, барајќи помош.
На оваа мака, таа добива ваков одговор од стручно лице:
-Се е во твои раце. Ти имаш право оваа врска да ја прекинеш. Или пак да му дадеш одереден рок до кога сето тоа треба да го заврши, или пак му се заблагодари за тоа што го имавте до сега. Јас го разбирам дека се грижи за своето дете, но не може мајка на тоа дете да го однесе на Јупитер.
Тој секогаш ќе биде татко на тоа дете, а дете со 12 години може само да одлучи со кого сака да живее. Сама кажуваш дека со години си во оваа тајна врска и дека тука постои љубов, а љубов има само на едно место.
Значи дека тој не ја сака својата сопруга. Наредното видување нека заврши су муабет. Биди јасна и прецизни. До каде сте со врската, дали се гледате заедно во иднина. Кажи јасно дека не сакаш повеќе да губиш време на нешто лажно.
Слушни ги одговорите и одлучи што ќе правиш сама со својот живот и со својата тајна врска.