На својата facebook страна, претседателот на Граѓанско Демократска Унија – ГДУ, Петар Колев, напиша:
„Од мое име и од името на Граѓанско Демократска Унија, на сите граѓани ви гo честитам Денот на независноста 8-ми Септември.
Минуваме низ период во кој е потребно многу мудрост и одлучност во носењето на одлуките. Сите ние треба да придонесеме за напредокот на нашата држава, да изградиме просперитетна Македонија која ќе биде дел oд Европската унија и НАТО.
Да живее демократијата, слободата и еднаквоста.
Нека ни е честит Денот на независноста!“