,,Остварив средба со Германската Канцеларка Ангела Меркел. Посочив дека ВМРО-ДПМНЕ високо ја цени поддршката на Сојузна Република Германија во однос на евроатланската интеграција на Република Македонија, што е и наша цел.
Воедно посочив дека договорот со Грција не може да го поддржиме, поради сите последици и влијанија на кој во сите мои претходни обраќања ги потенцирав и објаснував“-рече опозиционерот Христијан Мицкоски и најави дека во текот на идната недела ќе го објават партискиот став за референдумот.