fbpx
11.8 C
Skopje

И по три ипол години тешко и е да зборува: Лила откри што најмногу и забележал нејзиниот татко!

АКТУЕЛНО

Лила Филиповска денес е една од најуспешните водителки, а веќе шест години по ред може да ја гледаме во најпопуларното музичко шоу „Се или нешто“ кое руши рекорди на гледаност.

Но, не е се толку идеално како пред ТВ екраните. Имено, пред три и пол години Лила го изгуби својот татко кој почина од канцер, а и ден денес и е тешко да зборува за тоа.

Во интервју за Жеснки магазин, Лила првпат прозбори за загубата и што и забележал нејзиниот татко.

-Беше среќен кога обожавателите ќе ме застанат на улица да ме гушнат и да се сликаат. Единственото нешто за кое ми забележа се моите два развода.

Немаше конзервативни сфаќања, туку едноставно сакаше да се заштитам себе си. Во секој случај беше моја голема поддршка.

Тој беше онаа машка фигура која одигра важна улога во растењето на син ми Филип. Имаше огромно влијание во тој дел, за многу мои ситуации имаше разбирање и решение – открива водителката.

Лила објасни дека од болница директно одела на снимања и успеала пред ТВ екраните да ја задржи насмевката и професионално да ја заврши работата.

Таа истакна дека нејзинот татко и бил голема поддршка и имал важна улога во неговиот живот.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -