4.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Случајно се погодија да седат еден до друг скоро идентични луѓе – нивното селфи предизвика огромно внимание

Често се случува кога ќе запознаете некој нов човек да ве спореди со некој познаник. Иако од прв пат оваа мисла се одбива, со оглед на тоа што сите сме по малку нарцисти и тврдиме дека постои само еден јас, овие двајца момци ќе ви покажат колку грешите.

Нил Даглас од Лондон доживеал приличен шок кога влегол во авион за Гелвеј и го зазел своето седиште, а неколку секунди подоцна забележал дека човекот кој седел до него е негова слика и прилика.

Станува збор за 35-годишниот Роберт Стирлинг, кој на тоа седиште се нашол случајно бидејќи се сменил со еден пријател.

„Го прашав дали може да се помрдне за да седнам, а кога ме погледна не можев да поверувам колку си личиме. Кога слетавме, тој дури се пријави во истиот хотел како мене. Тогаш знаев дека тој е мојот нов најдобар пријател“, раскажува Даглас.

Тие двајца биле нераздвојни за време на одморот во Гелвеј, каде што голем број на луѓе им пришле и ги прашале дали се близнаци. Навистина неверојатна приказна.

поврзани објави

Последни објави