fbpx
11.8 C
Skopje

Иванов: Кој прв ќе обезбеди мнозинство, на тој ќе му го дадам мандатот

АКТУЕЛНО

Конечно се огласи и претседателот на државата, Ѓорѓи Иванов по повод формирањето, односно давањето на мандатот за формирање на новата Влада. Она што го изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, истото го потврди и претседателот, а тоа е оној што сака да формира влада ќе мора прво да достави уверение дека има 61 пратеник зад себе.

„Пред се прво сакам да кажам дека  јас како претседател дадов  заклетва дека ќе го почитувам уставот, а тој не може да се толкува според партиски интереси. Членот 90 од Уставот е јасен, претседателот е должен во рок од 10 дена мандатот да го довери на кандидат на партијата или партиите кои имаат мнозинство во Собранието. Намерата на уставотворецот кој не ги одредил во детали понатамошните ситуации значи му дава слобода на претседателот. Мандат ќе добие партијата која ќе ме извести дека има мнозинство да состави Влада, или накратко прво потврда и доказ за составување на Влада па тогаш мандат“, изјави Иванов.

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -